Македонската манекенка и модел Бојана Нушкова на нејзиниот „Инстаграм“ профил редовно споделува објави од нејзините ангажмани и нови фотосесии.
Така беше и сега, а овој пат имаше цел да им сугерира на идните невести полесно да можат да си одберат венчаница која ќе ја носат на денот за кој сонувале.
Нушкова со кратката Инстаграм приказна на нејзините следбенички од понежниот пол им го привлече целото внимание, а на мажите им зададе вистинска главоболка од позите во кои се снимила.
Таа смени неколку тесни венчаници кои ја нагласија нејзината витка линија но и длабокото деколте.
Бојана сподели повеќе пози доловувајќи го секој агол од нејзиното тело со кој го постигна резултатот кој го посакуваше.
Сепак едно е повеќе од сигурно, венчаниците во кои таа позира дефинитивно внимателно ги одбрала за во секоја да изгледа провокативно и отмено за сите пари.
фото: print Screen/Instagram/boyananushkova