Живот и стил

Дали кучињата или пак мачките се поинтелигентни?

Дали кучињата или пак мачките се поинтелигентни?

Експерти од американскиот универзитет „Вандербилт“, кои го проучувалe количеството сива материја во мозокот на осум вида месојади (кучиња, мачки, ракуни, хиени, лавови, кафени мечки), откриле дека кучињата се поинтелигентни од мачките.

Иако според претходните истражувања мачките беа на прво место, со околу 300 милиони неврони, а кучињата беа на второ место со приближно двојно помалку неврони (160 милиони), новото истражување донесе различни сознанија. Се покажало дека кучињата, со 530 милиони неврони, имаат незаменлива мозочна моќ во споредба со другите месојади, додека кај мачките таа изнесува 250 милиони неврони. За споредба, луѓето имаат околу 16 милијарди неврони, а нивниот број во мозокот е поврзан со поголемата интелигенција.

фото:Freepik
извор:popara

To top