Здравко Чолиќ вешто го крие својот приватен живот од јавноста, поради што ретки се можностите јавноста да ја види најголемата ѕвезда на Балканот, а најмалку со членовите на нејзиното семејство.
Пејачот Здравко Чолиќ има две ќерки – Лара и Уна Чолиќ.
Постарата ќерка Уна е доста активна на социјалните мрежи, додека неговата помлада ќерка не успеваме да ја гледаме многу често.
Екипата на шоуто „Папарацо лов“ на телевизија Пинк сега го „улови“ пејачот со Лара, а ова е и првпат двајцата да бидат фатени заедно после долго време.
Камерите најпрво ги снимија Лара и Здравко Чолиќ како излегуваат од својот дом. Тие се упатија кон центарот на градот каде прво се одморија и се напија пијачка, а потоа се упатија кон банката за да ги завршат сите обврски.
Лара цело време беше зад воланот, а на лицето немаше ниту трошка шминка, па нејзината природна убавина дојде до израз.
фото: printscreen/you tube/ Paparco lov