Радио Милева „Кој е следниот?“ 

Членовите на „Либеро бенд“ се’ помалку се „либеро“: По пејачот Иван и басистот Александар, се ожени и тапанарот на групата Дејан Стојановиќ (ФОТО)

Членовите на „Либеро бенд“ се’ помалку се „либеро“: По пејачот Иван и басистот Александар, се ожени и тапанарот на групата Дејан Стојановиќ (ФОТО)

„Либеро бенд“ со текот на годините стануваат една од најпознатите македонски групи. И по своите сопствени песни и по фантастичните живи настапи, кои ги престорија во„некрунисани кралеви“ на ноќните свирки, како еден од најдобрите, а можеби и најдобриот кавер бенд во Македонија, кој на својот репертоар има се: „Од Бетовен до Шабан, од Тоше до Чола, од Меморија до Дугме…“!

Инаку поимот „либеро“ кој бендот го има вткаено во името во неформален превод значи некој кој е слободен, емоционално неврзан, незвисен… И сосема соодветствуваше со членовите на групата од нивните почетоци па се дододека не почнаа да стануваат се’ помалку “либеро“!

Имено, тапанарот на групата Дејан Стојановиќ  отсега е уште еден од членовите на „Либеро бенд“ во низата „женети“!

Тој откако ја побара раката на неговата долгогодишна девојка, уште една Јована, овој пат Јакимовска стана снашка во бендот. Двајцата направија прекрасна свадбена веселба, на која присуствуваа нивните најблиски, роднините, другарите, пријателите, колегите…

Младоженецот елегантен, со имиџ ала „Џемс Бонд“ во црн смокинг со пеперутка вратоврска, а невестата во долг, деколтиран,  свечен невестински фустан од тантела блескаа на свадбата.

Забавата на нивната свадбена веселба велат била како на настапите на групата – луда и незборавна.

Инаку, Дејан и неговата тогаш девојка  беа избрани во  2016 година како најсимпатична вљубена двојка на конкурсот кој нашиот портал Вистина.ком.мк го објави за „Денот на вљубените“, а како награда меѓу останатото, покрај прекрасната фотосесија добија и романтична вечера во еден од најпознатите скопски ресторани.

Претходно,  минатата (2023) година пејачот на групата Иван Јованов по бомбастичнотото раскинување со Антониа Гиговска и “тајната врска“ со неговата сегашна избраничка, охриѓанката Ивана Зимбо најпрвин обзнани дека се свршиле…

А, потоа и дека ќе стане татко, по што набргу се роди и нивната ќеркичката Ниа.

Во мај годинава (2024) на „Либеро бенд“ му се случи уште една свадба македонска, на која тие не свират и не пејат, туку еден од нив е домаќин, а другите се гости.

Басистот на групата, Александар Темелковски во улога на младоженец приреди славење на долгогодишна љубов, го кажа судбоносното ДА  и се ожени со пијанистката Јована Трајчева. Прекрасните младенци со своите најблиски  направија магичен ден, откако детската љубов која ја започнаа пред цели 12 години,  ја крунисаа со брак.

На вечна љубов се заколнаа во Соборниот храм во Скопје, а забавата ја направија во познат скопски ресторан, а, за музичкиот дел беа задолжени колегите од „Маестро бенд“.

На тазе младенците среќен брак и многудетно семејство, а на останатите од „Либеро бенд“, само едно прашање: „Кој е следниот?“… ако има таков?

Фото: Инстаграм – libero_band/ Фејсбук –Dejan Stojanovic  (LiberoBand)

 

 

To top