За полнење:
2 јајца
400 гр суво кравјо сирење
150 мл јогурт
малку сол
Плус:
500 гр готови кори
70 мл масло
1 јајце за премачкување
3 лажици јогурт
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во сад изматете ги јајцата и посолете малку.
Потоа додадете го издробеното сирење и јогуртот и измешајте.
Првата кора премачкајте ја со лажица масло, а потоа ставете ја втората кора, на ист начин премачкајте ја со четка и намачкајте две лажици фил.
Потоа виткајте го во ролат. Ролатите наредете ги во плех обложен со хартија за печење, па премачкајте ги со смесата со јајца и јогурт.
Оставете ги малку да го впијат премазот, па повторно премачкајте ги.
Ролатите се печат околу 35 минути во загреана рерна на 180 степени.
Уживајте!
фото: Freepik