Радио Милева Ќе се дели имот од десетици милиони?

Брачен бродолом: Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се пред развод? (ФОТО)

Брачен бродолом: Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер се пред развод? (ФОТО)

Легендарната српска тенисерка Ана Ивановиќ (37) и поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер (40), според германските медиуми, се пред развод, а доколку тоа се покаже дека е вистина, се соочуваат со распределба на имот и пари вредни неколку милиони евра. Двајцата се венчаа во 2016 година и наводно потпишале предбрачен договор во кој ги чуваат сите средства што ги стекнале пред да влезат во заедницата.

Како што пишуваат светските медиуми, тие воделе посебни банкарски сметки, но во меѓувреме потпишале и неколку анекси на тој договор, кои останале мистерија за целата јавност. Се верува дека сепак имаат и заедничко богатство, па доколку дојде до развод ќе дојде до поделба на имотот вреден неколку милиони евра. Колку точно, моментално знаат само двајцата. Во прашање се милиони. На јавноста и е познато дека поседуваат вила во австрискиот дел на Алпите. Станува збор за објект од над 400 метри квадратни во вредност од околу 3,5 милиони евра.

Покрај тоа, пред да се омажи, Ана купила и вила на Мајорка, која заедно ја реновирале, која наводно сега чини 4,5 милиони евра. Се споменува дека поседуваат и јахта од 500.000 евра, но и богатство кое не и е познато на јавноста, па се верува дека ќе поделат десетици милиони во случај на развод.

Ана и популарниот Швијни важат за еден од најпознатите парови на јавната сцена, па веста за нивниот потенцијален развод ги изненади сите. Информацијата ја објави германскиот весник „Бунте“, кој тврди дека тие се разделени во последните два месеци поради чести патувања. “Бастијан е стручен консултант на телевизија. Иако често е во Минхен, тој патува и во странство за проекти. Ана, пак, со синовите е во Белград во стан од 100 квадратни метри. Се наоѓа во близина на куќата на нејзините родители. Таа реши да отвори ново поглавје во својот живот, блиску до семејството и братот”, пишува “Бунте”.

Германците тврдат дека Ана е во Белград со синовите, седумгодишниот Лука, четиригодишниот Леон и едногодишниот Тео. Бастијан во времето кога медиумите ја објавија веста за разделбата беше во Виетнам, бидејќи тој е промотор на финалето од Лигата на шампионите кое годинава ќе се игра во Минхен. Тој на својот Инстаграм профил објави и видео во кое е опкружен со дами, кои од него бараат автограми и селфи.

Социјалните мрежи се доказ дека бракот на познатите спортисти е во криза. Ана пред речиси пет месеци објави нивна заедничка фотографија, а на фотографијата која ја објави на 28 февруари е сама за време на престојот во Атина, а се гледа дека на раката не носи бурма. Од друга страна, Бастијан на неодамна објавената фотографија на Инстаграм носеше бурма.

Фото: Инстаграм/anaivanovic

To top