Член на жирито на музичкото натпреварување „Пинк ѕвезди“, Драган Стојковиќ Босанац, се присети на една голема несреќа што му се случила во кариерата.
За време на турнејата во Соединетите Американски Држави, од куќата каде што живеел во тоа време била украдена голема сума пари.
– Се случи несреќа, ми ја украдоа целата заработка за месец и пол, 25.000 долари, останав без ниту еден денар. Некој украде пари од куќата каде што живеевме. Полицијата дојде и рече: „Еден од вас што живее таму ги украл“, се спакуваа и си заминаа. За мене беше трагично. Но, бев како хрчак и ги собрав парите подоцна – рече Босaнец.

Тој откри и дека има соба во куќата во која никогаш не влегува, бидејќи се плаши дека таму ќе се разболи и ќе умре.
– Морам да ви кажам дека не сум бил во таа соба во последните пет години, тешко ми е да најдам мајстор да стави ѕвонче. Реков, ако си играм таму долу и се разболам, ќе умрам, а никој нема да ме чуе, па се исплашив и затоа си играм во кујната – рече тој за време на гостувањето во емисијата „Диван шоу“.
Хармоничарот исто така рече дека имало моменти кога заработувал повеќе од популарните пејачи.
Foto: print screen/Instagram/d.s.bosanac_official







