Србија, но и регионот со денови ги следи информациите кои доаѓаат од Словенија, каде Бора Ѓорѓевиќ е хоспитализиран и се бори за живот.
Бројни јавни личности му испратија зборови на поддршка на легендарниот рокер, посакувајќи му да се опорави и да се врати на сцената.
Познато е дека Бора Ѓорѓевиќ е роден во Чачак, како што сите знаат дека Мирослав Илиќ е по потекло од тој крај, поточно од Мрчајевци. Сепак, малкумина се поврзаа дека двајцата се на иста возраст, уште помалку дека заедно оделе на училиште.
View this post on Instagram
– Многу ме растажи веста дека Бора е во критична состојба, дури сега дознав за тоа. Бевме соученици од гимназијата – изјави Мирослав Илиќ за Информер.рс
– Мојата сопруга и Бора беа во исто одделение. Многу го сакам Ѓорѓевиќ и го почитувам сето она што го остави зад себе. Жал ми е што слушам дека неговиот живот е во опасност.
View this post on Instagram
– Се видовме пред еден месец и тогаш се беше релативно добро. Секогаш кога ќе ни се вкрстеа патиштата, слатко се збогувавме и евоциравме спомени од минатите училишни денови. Му испраќам поддршка и верувам дека ќе успее да се извлече – изјави Мирослав.
фото:You Tube printscreen/ Dok anđeli spavaju/ Instagram/ pravimiroslavilic