Сончевите зраци во септември веќе се намалени , но некои не се откажуваат од плажата и во оние часови кога е малку посвежо.
Една од тие е и македонската манекенка и модел Бојана Нушкова која на нејзиниот „Инстаграм“ профил сподели фотографии и кратки видеа додека ужива покрај водата и во овој период од годината.
Бојана решила да направи неколку жешки кадри кои ги сподели со своите следбеници, а ретко кој маж може да остане рамнодушен на оваа глетка.
Скопската убавица по облините сместени во мастило сино бикини, ја сврте камерата малку надолу за да сними нечии стапала во бели чорапи, кадар со кој сите ги изненади. До душа не е чудно некој да спие со чорапи, ама не и на плажа. Уште и да се сонча или евентуално капе во езеро е феномен. Ама ако и е толку мерак – нека… Под услов чорапчињата да и се перени и прв пат да ги облекува, оти е забрането со закон, а и кривично дело е езерото да се загадува!
Сепак, она што секако привлече внимание се нејзините изданија во бикини – кои „горат“, поради нејзиното тело.
Фото: printscreen/ Instagram/boyananushkova