Радио Милева инспиративна и возбудлива...

Бојан Илковски е природно талентиран за правење музика, ама стиховите кога ги бира, некој друг го инспирира: „Анаконда меѓу хиени, слушај го ти ДЈ Боно знае за таквите жени“ (ФОТО)

Бојан Илковски е природно талентиран за правење музика, ама стиховите кога ги бира, некој друг го инспирира: „Анаконда меѓу хиени, слушај го ти ДЈ Боно знае за таквите жени“ (ФОТО)

Бојан Илковски попознат како ДЈ Боно е познат и по своте ДЈ сетови, сопствените настапи, ама и оние заедничките со некои колеги и особено атрактивни колешки од домашната естрада.

Особено со една, во чија пејачка кариера кога се нејзините настапи во прашање беше оној „што ја сечеше лентата“ или „го скина љунферот“ – оној естрадниот, што би рекла една стара скопска урбана поговорка. И тоа одлично функционираше на заедничко задоволство, зашто популарноста на обајцата им растеше, а публиката на нивните настапи по клубовите и кафулињата ширум Македонија ја имаше во изобилство.

Дури и заедничките песни како на пример „Карди“ не поминаа лошо, зашто Бојан Илковски покажа дека е природно талентиран за правење музика, ама стиховите кога ги бира, некој друг го инспирира. Судејќи според нивната содржина, мора да е во прашање расна убавица или ако повеќе сакате, вистинска  „еротска бомба“.

Неодолива секси заводничка, која толку длабоко го инспирира, што секој напишан стих длабоко допира, дури до „најскриените одаи“ на машката еротска фантазија. Музиката те вози, ритамот те лула, а зборовите во текстот просто те тераат да помислиш на „триста чуда“ носејќи те до екстаза во длабоката еротска возбуда.

 

А какво поинакво би било доживувањето, кога од звучниците низ музиката што те носи слушаш глас како ти раскажува:

„Таква лисица – мисица, пази се  врзува стега со лисица, снајди се,

Гребе ко маче, а каса ко тигар, тебе ти е до љубов, а за неа е само игра,

Тело анаконда меѓу хиени, чистокрвна Македонка, пргава во гени,

не седи дома, она по клубови пени, слушај го ти Боно, знае за таквите жени“…  – е доволен извадок од песна за да сфатиш каква мисица – лисица му е инспирација. Е, да ама која?

 

А која друга ако не таа што најмногу му се мува пред очи, па целата инспирација човекот креативно може да ја преточи во возбудливи стихови. За креативен баланс или за паѓање во транс? А, можеби и за двете!

Впрочем, за некој да не помисли дека ДЈ Боно само се фали, еве ја и потврдата на тезата, дека нема подобра сатисисфакција кога колешката ќе те инспирира. Како и не би кога е во прашање Кристина Димитри, која и самата ова го потврди. Што значи се согласува дека описот во стиховите на колегата одговара на нејзината телесна формација, кога веќе му е инспирација.

„Тело анаконда меѓу хиени“ – многумина би се сложиле и би рекле – ДА, зашто тоа на прва се гледа! Арно ама, дали е така и она што е во доменот на карктерот од типот:

„Она  самата способна  за зе, дур мислиш е само твоја те продала комплет, чекај, чекај не си дошол уште ти на ред, види само да не ти зеде се’ “ – како што забележал во песната креативниот ДЈ Боно во инспиритавните стихови…

Како и да е, Кристина Димитри му еинспирација наДЈ Боно за стихови?  Од она што што го гледа пред очи и во студио и на настапи! Или е тоа само возбудлива фикција на која само се надоврзала сегашната пејачка и бивша мисица?

 

Фото: Инстаграм/dj.bono.mk/kristina.dimitry

 

 

 

 

To top