Сопругата на младиот боксер Вељко Ражнатовиќ, Богдана Ражнатовиќ се породи пред два месеци и го роди својот трет син, кој гордите родители го крстија Исаија.
Богдана моментално престојува на море, а на интернет го „запали“ фотографијата на снаата на Цеца која позира со нејзината пријателка.
Имено, Ражнатовиќ уживала со својата пријателка на јахтата, од каде направиле „селфи“.
Богдана беше облечена во костим за капење, кој одлично и прилегаше, а во преден план беа нејзините бујни гради.
Под споменатата фотографија почнаа да се слеваат коментари, а многумина се согласија дека поранешната кошаркарка ја вратила својата женствена фигура и изгледа како да не се породила пред само два месеци.
фото: printskreen/instgaram/bogdanaraznattoviic