Боба Живојиновиќ, поранешниот тенисер и сопруг на Лепа Брена, денеска бил сослушан во врска со кривичната пријава поднесена против него и уште едно лице за наводна измама, јавуваат српските медиуми.
Живојиновиќ и Н.Р. биле обвинети дека двапати продале ист брод и зеле по 300.000 евра, односно вкупно 600.000, пишува Ало.рс
View this post on Instagram
– Живојиновиќ денеска со својот адвокат отишол во Обвинителството, каде што бил сослушан од обвинителот, по што бил пуштен – тврди извор за српските медиуми.
Изворот понатаму додава дека сослушувањето на второосомничениот, кој се товари за помагање во споменатото кривично дело, следело по она на Боба.
Извава од екс- тенисерот и сегашен бизнисмен засега нема.
фото: Instagram printscreeen/ lepabrenaa