Александар Софронијевиќ и докторката Косана Стишовиќ се венчаа минатата година, а хармоникашот неодамна откри непознати детали од својот живот.
Тој призна дека една девојка го изневерила, а за предавството дознал кога пронашол пораки во нејзиниот телефон.
– Кога бев помлад, една девојка ме изневери, тоа беше во 2005 година, одамна, но тоа ме научи дека работите не се онакви какви што изгледаат. Имаше некои глупости на телефон, преписка со еден дечко, сето тоа го поврзав и на крајот бев во право. Ја прашав како изгледа. Не сум тип што се расправа, можеме да тераме додека е убаво, тоа е најдобриот начин во животот. Таков сум и во бизнисот – изјави Софронијевиќ за белградските медиуми.

Патем, Аца еднаш зборуваше за својата свадба и во таа прилика истакна дека сè било многу емотивно.

– Беше многу емотивно, особено кога дојдовме да ја земеме невестата. Тоа некако ми остави најсилен впечаток, како и тој дел од црковната венчавка во храмот Свети Сава. А потоа, радост како радост, стандард. Сите дојдоа да се забавуваат и имавме одличен избор на музика. Фантастичниот оркестар на Филип Миладиновиќ, Звонко Богдан како ѕвезда на вечерта, одлично. Имаше и гудачки квартет што свиреше на почетокот и тамбураши. Се забавував навистина добро, а исто и невестата, што беше целта. Дури и гостите што секогаш седат беа на нозе – рече хармоникашот во тоа време.
фото:Instagram printscreen/sofronacc







