Новото време очигледно донесе нови правила. Старите вредности се разнишани или до темел урнати, а на нивно место дојдоа некои нови… Ако воопшто можат и да се сметаат за вредности.
Она што некогаш го нарекувавме, нарцизам, самобендисаност, еготрип… како сакате, денес стана нормална појава. Некогаш се чекаше успехот другите да ти го признаат, величаат, пофалат, искоментираат… Денес, со процутот на социјалните мрежи „нарцисите“ никнуваат како цвеќиња во пролет. Или печурки после дожд, како сакате.
Но, нејсе, такво е времето и ако не ги следиш правилата на игра не си актуелен, не си популарен, не си „IN“… Не барем тогаш кога најмногу ти треба, а ако решиш да чекаш „исчашените вредности“ да се вратат на вистинскиот колосек – „поминал возот“. Кој чека – ќе се изначека, некој и довека! Ќе остареш чекајќи. И кога ќе видиш – никако не си! Не знаеш како да се однесуваш?!
Бидејќи сфатила дека „ако не го фатиш моментот, потоа џабе ти е се’ на светот“, атрактивната тетовка Кристина Димитри решила постојано да ја има, па не е симнува ниту од социјалните мрежи, ниту од медиумите. Кариерата ја тера со полни гради, споделувајќи моменти како од професионалниот, така се’ повеќе и од приватниот живот. Веројатно препознала дека ова се „нејзините пет минути“, па решена е со обете раце да ги зграпчи!
Токму затоа и маркетингот пуштен на најсилно, а со ПР-от што сама го тера се труди да создаде победничка атмосфера… Барем кога е во прашање популарноста.
Токму и затоа атрактивната тетовка споделила нешто во манир на „старата скопска“: „Ако сам не си се пофалиш дека си… исто ко да не си“!
Имено, итрата Кристина ја искористила гледаноста на најпопуларниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“ за да покаже за кого рајата најмногу се интересира. Кој привлекува најголемо внимание, а гледаноста е најголема – ајде погодете во кое ТВ издание? Самобендисаност или самодоверба – која како го доживува!?
Единствено останува дилемата, дали интересот за сексапилната тетовка е толкав заради пејачката умешност и атрактивните дуети или само заради телесните квалитети?
Заради она што го нуди како уметност или јавно го сервира како приватност? Или Кристина естрадниот бизнис воопшто не го сфаќа наивно, па нуди пакет од сето споменато заедно?!
Фото: Инстаграм/kristina.dimitry