Арнолд Шварценегер имал операција минатата недела, за која зборуваше на својот подкаст. Тоа е здравствен проблем кој го мачеше и претходно.
-Минатиот понеделник имав операција, ми вградија пејсмејкер. До петокот веќе бев на голем еколошки настан со мојата пријателка и колешка Џејн Фонда. Никој никогаш не би помислил дека неделата ја започнав со операција, истакна актерот.
Лекарите го советувале да оди на оваа хируршка процедура бидејќи трите претходни операции на срцето се одразиле на неговиот организам.
-Ме советуваа дека е време да ја направам оваа процедура бидејќи лузната од претходната операција предизвика неправилно чукање на срцето. Еве каков е животот со генетски проблем со срцето. Истиот здравствен проблем ги уби мајка ми и баба ми. Се уште сум тука поради медицинските иновации, многу сум одговорен и решен да се грижам и да ги слушам советите на лекарот, рече тој.
Арнолд Шварценегер минатата година опиша како изгледала операцијата на отворено срце што ја направил во 2018 година. Тој на Јутјуб сподели со публиката досега невидена снимка од тоа како изгледа закрепнувањето по исклучително комплицирана хируршка процедура.
фото:Instagram printscreen/schwarzenegger