Антониа Гиговска пред некој ден одново го најави пуштањето во етерот на нејзината нова песна, чија промоција беше одложена заради страшната трагедија во Кочани.
И додека пејачката се подготвува за претставувањето на песната и видеото за „Аман“, на нејзиниот сопруг и колега Роберт Спасенцовски попознат како Џокер изгледа му е „аман“ од музика, па решил да менува професија. Иако кариерата ја тера песна по песна, очигледно работата не му е лесна, сфатил дека нема леб од музика, па се фатил за мотика… Или поточно за коса.
Имено Џокер споделил едно кусо клипче на неговите Инстаграм приказни каде расоблечен по црна маичка на прерамки, таканаречена „Рамбовка“ покажува тетовирани мускули, ама и завидна вештина и владение за поедини гранки земјоделие.

“Станувам земјоделец… Јас сум талент… Нема леб од музика, мора да се сади кромид…“ – порачува во клипчето пејачот, додека се спрема да ја собере искосената трева што друг ја коси во позадина.

Арно ама, на видеото Џокер не е сам, туку во придружба на неговиот татко, Боби Спасенцоски исто така познат фолк пејач, кој променет во истиот аутфит со синот се фатил за работа, да ја собираат зелената трева, тукушто искосена.

Дали со тревата ќе хранат зајаци или некакви други домашни животни или само росната ливада ја спремаат за обработка и садење некоја земјоделска култура од друг вид, како на пример кромид, пејачите од семејството Спасенцоски не објаснија во детали.
Ама затоа ппак нему тргнаа да му објасната како се коси тревата додека е млада и зелена и се’ уште не пораснала над колена. Инструкторот искусен и вешт со косата, а чиракот… да ти се крене косата. Ама момакот упорен, решен да научи па виде – не виде… решен да го биде!
НО сепак, во тоа дека им е баш преку глава од музика, никој жив не поверува, зашто иако можеби во државата владее еден вид естрадно затишје заради трагедијата во Кочани, летото туку што доаѓа, што значи сите опции се отворени. По Велигден почнаа и свадбите, а веќе се отворени и летните тераси и локали, па во тоа дека Спасенцовски од естрадни уметници ќе станат земјоделци, не поверуваа ниту децата мали!
Фото и видео: Инстаграм/jokerdam93







