Младиот и талентиран музичар Андреј Јовановиќ – Дре во соработка со пионерите на македонскиот рап Пука Козметика на Втори август, за големиот празник Илинден, промовираа нова песна со наслов “Бољи Живот”.

Музиката и аранжманот се на Андреј Јовановиќ додека за текстот се погрижија тој и близнаците од Пука Козметика. На песната гостува и Диџеј Славе кој ги остави скречовите, за да ја надополни оваа рап дружба.
Снимана е во студиото Алшар кај Ивица Јанкуловски – Штраф кој се погрижи за миксот и мастерингот на песната.

Мелодична музика со тврди рими кои ја отсликуваат реалноста во Македонија. Песната е повик за револуција на умот и борбата за рамноправност.

Видеозаписот го потпиша Катерина Јорданоска за Перспектива рекордс. Погледнете го видеото и слушнете ја песната во продолжение.







