Радио Милева скриен предизвик?

Ана Стојанова во кампот за слабеење ги стави следбениците во дилема, дали тоа инструкторката и „кришум вежба“: „Дрвената куќичка крцка целата, ама мене чувството ми е убаво“

Ана Стојанова во кампот за слабеење ги стави следбениците во дилема, дали тоа инструкторката и „кришум вежба“: „Дрвената куќичка крцка целата, ама мене чувството ми е убаво“

Македонската фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова и ова лето не мирува. Позната по своите „Летни фитнес предизвици“ со одбрана екипа од нејзината „Пич армија“, полни со авантури и редовни фитнес тури на егзотични дестинации, атрактивната велешанка и летово не пропушти тоа себе си и на нејзината екипа да и го приушти. Патем, нејзините Инстаграм следбеници и обожаватели да ги почести и со нова тура жешки фотографии!

И додека траат подготовките за новата тура предизвици, расната инструкторка смисли нешто ново што ќе и ја пополни паузата пред заминувањето меѓу две летни дестинации. А новата измислица на Ана Стојанова се нарекува „Камп за слабеење“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANA STOJANOVA (@annstojanova)

Инструкторката не сакала веднаш многу да го рекламира, но веројатно откако и самата увидела и се уверила дека и оваа нејзина креација може добро да функционира, ја обзани на социјалните мрежи.

Гордата сопственичка на едно од најубаво извајаните га*иња во Македонија, овој пат покажа како изгледа камп (аван)турата која веројатно ќе стане редовна на нејниот репертоар.

Покрај колективните вежби, постојат и индивидуални. Секако, меѓу нив се два типа: Оние што се видливи и оние другите – „невидливите“!

И сите од нив си имаат своја тежина, ама и своја убавина…

А, некои патем и се многу практични за развивање на мускулатурата која потоа ги олеснува движењата кои задоволството го прават неодоливо… Налик на единствено чувство!

Затоа, просто да не знаеш која вежба е послатка… Или знаеш, ама мудро си молчиш не кажуваш! Оти некои работи мора да останат тајна… За во четири ѕида!

Освен ако ѕидовите, а и целата куќичка како оваа во кампот не е дрвена, па… куќата крцка цела! Крц – крц, крц-крц… Ама добро, затоа пак чувството е убаво… Особено ако крцкањето заврши со среќен крај, та за него разбрале и комшиите.

Со ова Ана Стојанова во кампот за слабеење ги стави следбениците во дилема, дали тоа инструкторката и „кришум вежба“? Или дрвената куќичка крцка целата, само кога Ана боса шета по неа?

Дилема или скриен предизвик и за останатите од нејзината „женска армија“!

Фото и видео: Инстаграм/annstojanova

To top