Познатата македонска фитнес инструкторка и мотиватор за здрав живот Ана Стојанова, одново јавноста ја бранува со својата појава. Атрактивната велешанка постојано е во акција, а штом наближи летото, го користи секој следен миг за да го изрекламира и промовира својот нов летен предизвик.

Како по обичај, тоа е некоја егзотична дестинација, на која таа ја води својата „Peach армија“. За симнување салце, здраво слабеење, билдање мускулчиња и слично, за потоа онака да истрчате на плажа смело со бомба тело!
Логично, инструкторката и фиктивно и фактички мора да биде пример за целата „армија праскички“, па затоа Ана мора да биде во топ форма 24/7, 365 дена редум. Патем новата дестинација за летниот предизвик мора однапред да се провери и испита, за да не се случи нешто што не треба да заскита или да недостасува во примамливата понуда.

А, за понудата да биде навистина неодоливо примамлива доволна е и самата инструкторка… Само еден фрлен поглед и за миг, ќе сфатите дека Ана Стојанова сама по себе е летен предизвик.

Штом се појави на портата во провидна црна наметка, веќе почнува температурата да се вжештува.

Навидум црно па не се гледа, ама затоа многу тоа се насетува, дури и одзади кога ќе ја погледнете Ана Стојанова.

А штом наметката падне, паѓаат и сите недоумици, ако воопшто некој ги има затоа какво тело Ана има… Сепак едно селфи меѓу палмите не е на одмет за билдање самодоверба…

И уште по некој кадар меѓу кактусите со поглед во огледалото, за сопствена потврда дека се’ е на свое место…

Секој дел од телесниот раскош на расната убавица за совршено извајан „дизајн“ и на бујната предница и на облата задница.

Штом сонцето се искачи највисоко, а денот доволно замине, време е за мало освежување. Најпрвин на нозете под тушот…

А потоа и и целото тело во џакузи, откако она што е вишок може да се соблече. Туширањето топлес освежува и ослободува од стрес.

А кога сонцето полека ќе почне да се спушта на хоризонтот, доаѓа време за попладневен одмор.

Попладневно опуштање во сламена фотелја за уживање крај базенот и уште понекоја возбудлива поза на крајот на денот.

Се’ на се’ – облините бујни, бикините мали… Сексапилната фитнес инструкторка вака ја презентира нејзината понуда за летен предизвик на Бали.
View this post on Instagram
Фотои видео: Инстаграм/annstojanova





