Радио Милева генитална симулација

Американската пејачка позираше за насловница: Долниот дел на фотографијата ја подели јавноста – едни шокирани, други згрозени (ФОТО)

Американската пејачка позираше за насловница: Долниот дел на фотографијата ја подели јавноста – едни шокирани, други згрозени (ФОТО)

Американската пејачка, текстописец и актерка Џоџо е ѕвезда на новото издание „Lady Gunn“, а насловната страна со неа предизвика многу негативни коментари на социјалните мрежи како платформата X и  Инстаграм. Навистина ми е непријатно да го гледам ова“, коментираат на мрежите.

„Како млада, научив дека во очите на јавноста секое внимание е внимание… без разлика дали е добро внимание или само внимание. Само што потпишав нов договор, новите соработници се одлични, неверојатни луѓе. Рекоа – во ред, мораме да ги натераме луѓето да те забележат и да почнат да те сакаат. А јас реков дека тоа не е поентата“, изјави пејачката Џојо (33).

Насловната страница привлече внимание, а притоа и негативна критика. А дали публиката уште повеќе ќе ја сака или мрази по оваа фотографија, судејќи по коментарите, моменталната ситуација не ветува. Пејачката која по локалното натпреварување за таленти се појави во шоуто „Најталентираните деца на Америка“ и потпиша договор со Blackground Records, носи костим кој ја имитира анатомијата на машкото тело на насловната страница.

Долниот дел од костимот имитира изглед на машки гениталии, што остави многумина збунети: „Не ми се допаѓа оваа слика“, „Не знам кој ја води нејзината кариера, но ова ќе ја уништи“ , „Џоџо прекини го ова. Се плашам“, „Има уште време да се избрише ова“.

Од друга страна, некои велат дека реакциите би биле сосема поинакви доколку Лејди Гага се претставеше во вакво издание, а има и такви кои велат дека треба да се цени слободата на облекување која не ги зема предвид половите разлики.

To top