Радио Милева повреден

Ален Исламовиќ мораше итно на операција: Пејачот на „Бијело дугме“ на концерт се појави во инвалидска количка? (ВИДЕО)

Ален Исламовиќ мораше итно на операција: Пејачот на „Бијело дугме“ на концерт се појави во инвалидска количка? (ВИДЕО)

Пејачот на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ неодамна доживеал несреќа поради која заврши во инвалидска количка, а сега  открил како се случило, но и како се чувствува во моментов.

Конкретно, снимката на пејачот од концерт каде настапува во инвалидска количка ја загрижи јавноста, но како што вели тој сега се чувствува добро.

Watch on TikTok

„Сега сум добро. Се оперирав пред 17-18 дена. По концертот во Ниш, имав пауза четири дена, па играв тенис со другарите во Сомбор, кога ја повредив Ахиловата тетива“ – ќе рече и продолжува:

„Тоа е една од најтешките спортски повреди, тоа е страшна болка. Веднаш итно ме оперираа, а операцијата беше успешна, па по четири дена продолжив со концерти и настапив со „Бијело дугме“ во Крагуевац. Како што тврдат неговите фанови, ништо не може да ја спречи Ален да излезе на сцената и да ја развесели публиката, а тој вели дека се прилагодил на оваа несреќна ситуација и дека не му било лесно, но дека на крајот успеал.

„Толку сум фит, што кога добив патерици, танцував со нив! Проблемот беше затоа што пеам високи ноти и ќе вршев голем притисок на раната и ногата, на кои не можам да се потпрам во следните четири недели, па инвалидската количка беше најдоброто решение. Обезбедив и безбедно и удобно патување, па ја кренав ногата, ставив овошје, храна, сок околу мене и патот под  нозе! Можеше да има разни компликации, раната да се инфицира на оваа жештина, ногата да отече, конците да пукнат, но раната зараснува и добро закрепнувам“ – открил Ален за Курир.

Фото: Инстаграм/music.alen.islamovic

Видео: ТикТок/andjelabulajic

 

To top