Александра Накова дефинитивно важи за една од најзгодните и најсексапилни македонски убавици. Некогашната манекенка и топ модел, сега горда сопственичка на продавница за женска гардероба во нејзината родна Гевгелија изгледа како излиена.
Летото е пак уште подобра прилика атрактивната гевгеличанка да го покаже сиот свој телесен раскош, па така како и претходните и во ова лето, Накова ужива. Само што овој пат Александра ужива во три нешта: во летото, новата љубов и уметничката голотија.
Имено, таа е една од оние кои редовно први ја отвораат летната сезона и тоа го обзнанува на големи ѕвона. На базен во еден од казино хотелите во родниот град, на некоја од грчките плажи и ресорти кои и се на дофат или некаде подалеку, сеедно… Накова во бикини секогаш изгледа фасцинантно.
Ова лето не е поразлично, ама за неа е некако поинаку. Можеби токму и затоа ова лето ќе го памти по нејзините безгрижни шепотења, нежни прегратки и љубовни допири со нов човек во нејзиниот живот, во кој неодамна срамежливо најпрвин покажа дека е вљубена…
За потоа да покаже дека на гради му спие на силно тетовирано мускулесто момче…
И конечно да реши да му го покаже и ликот иако името и идентитетот, му го знаат само малкумина од нејзиниот круг на најблиските. Ама затоа што и е во мислите, знае само таа самата. Според она што се забележува, изгледа дека во прашање е момче од нашиот јужен сосед.
Но, Александра Накова не ужива само во летото и новата љубов. Поривот за еротски егзибиционизам или поточно уметничко овековечување на својата телесна дарба е уште една страст во која се сплотија фотообјективот на уметничкиот фотограф Стефан Соколовски (badstef) и уметничката голотија на расната гевгеличанка.
Овој пат во нови еротско-уметнички, црно-бели пози, во кои доминира телесниот раскош на она што мајката природа и го подарила, а естетската хирургија го надградила.
Александра Накова – топлес, влажна и жешка… неодоливо возбудлива!
Инспирацијата фото-уметникот ја нашол во една авто-перална, каде шмркот под висок притисок и џипот се доволна сценографија за одлична еротска фотографија.
Се разбира доколку покрај себе го имате и сексапилот и еротскиот набој со кој Накова зрачи, која сам по себе е инспирација за возбудлива фотокреација.
Патем, Александра онака влажна, разголена и пожелна, повеќе од привлечна и заводлива ви дава можност постојано да ја имате пред очи, без да киснете на социјалните мрежи.
Едноставно доволно е да го набавите големиот принтан постер кој е достапен за продажба, со еротска фотографија од Накова која вам најмногу ви се допаѓа… или возбудува!
Еден или повеќе, како сакате… Можете и целиот дом да го излепите!
Постерите се достапни за продажба, ваше е само да донесте одлука и тргнете во акција!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/sokolovski_stefan/badstef/naleksandraofficial