Радио Милева

Александра Накова и Сања Николиќ го демантираат правилото дека кај што има добра мачка, таму нема глувци

Има една народна поговорка која вели: „Кај што нема мачка, глувците оро водат“. Две македонски убавици, некогашни манекенки, мисици и модели, сепак отстапуваат од правилото или можеби се исклучок, кој истото го потврдува.

Имено,  Александра Накова и Сања Николиќ ја демантираа поговорката дека кај што има „добра мачка“ – нема глувци! И тоа секоја со сопствен пример. До душа малку поразличен кај едната од другата, ама сепак… Неговото величество – малиот глодар кај нив е господар. Кај едната по нејзина желба и волја, а кај другата пак има сосема поинаква ролја… Онаа на неканет гостин.

Гевгелиската убавица Александра Накова сподели  неколку фотографии на приказните на своите профили на социјалните мрежи на кои ги изненади сите.

Овој пат со малиот куќен пријател или поточно љубимец, на кој бујната силиконска предница на цицлестата убавица и тоа како му се погоди.

Малечкиот полски глушец во народот познат како хрчак на Накова и стана прв ортак.

Нејзините бујни атрибути пак, нему полигон за игра, за танц на градите на ѕвездата… Нешто како трамболина за потскокнување, а можеби и „силиконска мемори пена“ за удобно спиење и спокоен сон.

Името не му го дознавме, ама во случај се’ уште да го нема, имаме свој предлог за малиот „грицко“: Нека се вика Цицо!

Сања Николиќ – некогашната мисица, манекенка и водителка, сега маркетинг агент, има поинаков гостин.

Неканет, ама сепак, на сопругата на „Слаткар“ и е сладок… Само што овој „домашен гостин“ колку и да е сладок не е и домашен љубимец. Веројатно затоа и е од другата страна на стаклото од балконската врата.

За негова среќа, зашто додека глушецот се шета по терасата од дворот на куќата, на домаќинката мачката и дреме меѓу нозе!

To top