Радио Милева и цвета во љубовта

Александра Младеновиќ замина на егзотична дестинација со своето момче (фото)

Александра Младеновиќ замина на егзотична дестинација со своето момче (фото)

Пејачката и нејзиното момче Дарко Добричанин ги спакуваа куферите и решија да заминат на одмор и да уживаат во морето и сонцето, а таму ги пречекаа кралски.

Александра Младеновиќ по бурниот  период конечно е среќна во љубовта, а Дарко Добричанин е тој што и го освои срцето.

Дека љубовта цвета неодамна потврди и самата Александра која во велигденско интервју за Информер откри дека за празникот ќе го однесе дома кај семејството.

По завршувањето на празниците, парот повторно ги спакува куферите и овој пат се упати на егзотична дестинација. Пејачката објави неколку стории на својот Инстаграм профил, а на една од нив се гледа како двајцата се држат за рака во авионот.

Многу брзо стана јасно дека заминале на Малдиви, каде што ќе уживаат во егзотичните плажи, морето, сонцето, но и нивната љубов. Младеновиќ објави и фотографија од хотелската соба, а на своите следбеници им покажа какво изненадување ги очекува.

За потсетување, Александра неодамна изјави за тамошните медиуми дека членовите на семејството на Дарко одлично ја прифатиле:

– Имам одлични односи со неговото семејство и пријателите, родителите на Дарко се прекрасни. Тие се патријархални луѓе, исто како и моето семејство – изјави популарната пејачка.

To top