Радио Милева од тинејџерските спомени

Aлександар Тарабунов неутешен по загубата – Сподели поема од дружбите со Андреј ДНК (фото)

Aлександар Тарабунов неутешен по загубата  – Сподели поема од дружбите со Андреј ДНК (фото)

Трагедија која се случи во Кочани за време на настапот на групата „ДНК“ предизвикана од големиот  пожар,  сите не држи во шок и неверување.

Поп-пејачот Aлександар Тарабунов се огласи на кратката приказна на Инстаграм и ја сподели својата тага по смртта на Андреј од ДНК, но објави  и од тинејџерските спомени од дружбите со Андреј со поема за него.

Пејачот  напиша колку значаен  бил Андреј во дружбите во населбата во Карпош 3 и колку сите го обожавале.

Не е познато дали зборовите се негови, но луѓето од Карпош со кои се дружел вака го доживувале.

„Aндреј од Карпош 3

Секогаш ќе бидеш истиот каде и да си.
Добар, смешен и фин, Андреј од Карпош 3.
Со тебе растеа генерации,
со твоите песни од животни ситуации.
Имаше глас што сите нѐ буди,
во маало сите те памтеа по старите дружби луди.
Таков си беше ти, со сите беше брат.
Сега, во овие денови црни,
ко некој да нѐ дави за врат.
Ќе ни фалиш засекогаш
и во животот ќе ни бидеш водилка ти.
Ќе нѐ потсетуваш да помагаме на луѓе беспомошни
како што тоа го правеше ти
Андреј од Карпош 3.

Вечна ти слава“

 

 

To top