„Името твое на брегот го напишав, бран ми го избриша…“ – се стиховите на големиот хит на Наташа Малинкова и некогашната нејзина група „Багаж“. Токму една друга македонска пејачка деновиве го стори истото, само малку поразлично…
Адријана Ацевска попозната како Адријана Кеш, тераше оодмор или само викенд на море, сеедно, па дали од носталгија или само заради чиста забава, пејачката реши да себе својствен начин со морето да се збогува. Така барем на прв поглед требаше да изгледа она што решила да го направи или поточно нацрта иако наместо збогување со морето, излезе дека тоа може многу поинаку да се протолкува!
Така, додека боса стоела во плиткото, каде брановите нежно го заплиснуваат брегот, Адријана се обидува во песокот нешто да нацрта.
Нешто што има длабока симболика, само судејќи по цртежот на видеоснимката… кој како ќе си го протолкува!
Имено, за да не мора да се поднаведне, пејачката се обидела со палецот од ногата да нацрта срце.
И покрај него во кусите Инстаграм приказни да сподели: „Збогум драго море… До следниот пат… Те сакам“!
Арно ама, срцето некако како да не е срце… Зашто од обратна перспектива, малку поинаку изгледа. Можеби на пејачката свесно и била намерата срце да нацрта, ама потсвесно… Излезе нешто што на друго наликува!
И сега оттука веднаш тргнува дилемата, дали е ова само еден „несреќен и невешт уметнички зафат“, зашто ја мрзело да се поднаведне, па го цртала со нога наместо со рака или потсвесно пејачката „ја мачи друга мака“? Нешто што потајно го посакува, а потсвеста и го спакува?!
Дефиницијата за потсвест е она што ни е скриено од нашиот моментален мисловен процес, но и покрај тоа потсвеста него го диктира. Свеста ни диктира што во моментот ќе работиме, зборуваме, правиме, но, свеста и потсвеста комуницираат тајно, свеста ја имплементира состојбата на потсвеста. Така вели науката!
Па сега вие видете што свесно сакала или на што потсвесно посакувала пејачката? „Што ти сака душата или што ти е во потсвеста“? Или можеби во случајов – исто и се фаќа?!
Она што Адријана Кеш во песокот на брегот со ножниот палец го нацрта, бранот бргу го избриша… Дали за среќа или за жал – знае само пејачката!
Фото: Инстаграм/adrijana_acevska