Радио Милева официјален диџеј

Ќе „гори“ од трибинте: Бујната Хрватка Ивана Кнол доби улога за светското првенство 2026

Ќе „гори“ од трибинте: Бујната Хрватка Ивана Кнол доби улога за светското првенство 2026

Хрватската навивачка, Ивана Кнол, повторно привлекува големо внимание во пресрет на Светското првенство. „Огнената“ Хрватка, која стана позната по Светското првенство во Русија во 2018 година, а светска слава стекна за време на првенството во Катар 2022 година, сега доби официјална улога од ФИФА за Светското првенство во 2026 година.

Имено, Кнол ќе биде задолжена да ги забавува навивачите пред и по натпреварот помеѓу Бразил и Мароко, дерби во првото коло од групната фаза.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by knolldoll (@knolldoll)

Иако натпреварот од првото коло од Групата Ц помеѓу Бразил и Мароко ќе се игра на стадионот „МетЛајф“ во Њујорк, на бројни стадиони ширум Америка ќе бидат организирани официјални „фан зони“ вклучително и во Лос Анџелес, на легендарниот „Ла Меморијал Колосеум“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by knolldoll (@knolldoll)

Таму Кнол ќе ги забавува навивачите пуштајќи музика и ќе биде официјален диџеј пред и по натпреварот.

Бразил е еден од фаворитите за Светското првенство и нема сомнение дека ќе имаат огромна поддршка од навивачите на натпреварите. Во Америка живеат речиси два милиони Бразилци, па затоа нема сомнение дека ќе бидат на стадионите каде што се играат натпреварите, но и во „фан зоните“, каде што ќе гледаат преку видео-бимови на големите стадиони.

Кој и да се појави во Лос Анџелес на Колосеумот, ќе има можност да ужива во хитовите што ги пушта Ивана, која неодамна ја објавила својата песна за Светското првенство „We are the people“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by knolldoll (@knolldoll)

Која е Ивана Кнол?
Ивана Кнол е родена на 16 септември 1992 година во Франкфурт и живеела во Германија до осумгодишна возраст, по што се преселила во Хрватска.

Таа била инфлуенсерка и манекенка сè додека не го привлекла вниманието на јавноста поради натпреварите на хрватската репрезентација. Прв пат во Русија во 2018 година, кога привлекла внимание поради својот стајлинг и провокативното издание каде што ги покажала своите облини.

Неверојатна популарност стекнала за време на Светското првенство во Катар, кога и покрај строгите забрани на конзервативните Катарци, на натпреварите се појавувала во провокативни изданија и станала главна тема на светските медиуми, а поради неа еден шеик западнал во неволја кога ја фотографирал одзади на трибините додека поминувала покрај него.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by knolldoll (@knolldoll)

Меѓутоа подоцна, Ивана ѝ се посветила на музиката, станала диџеј и настапувала на некои од најпопуларните места низ светот, а била и гостинка на најпопуларните диџеи во светот.

Пред Светското првенство во Америка, ја објавила песната „We are the people“, а сега ФИФА ја вклучи во својата програма за време на Светското првенство во фан-зоните.

Несомнено е дека Кнол повторно ќе привлече големо внимание на годинашното Светско фудбалско првенство, како преку своите настапи, така и на натпреварите на хрватската репрезентација, каде што сигурно ќе има интересни и провокативни стајлинзи.

фото:Instagram printscreen/knolldoll

To top