Радио Милева „објави фотографија од себе“

Времето е само бројка: Познатите дами се приклучија на новиот Инстаграм предизвик и привлекоа внимание

Времето е само бројка: Познатите дами се приклучија на новиот Инстаграм предизвик и привлекоа внимание

Пред многубројните следбеници познатите споделуваат редовно фотографии покажувајќи дел од приватноста или од работата. Но, овој пат некои од нив го подржаа предизвикот „сподели фотографија“ и со тоа го привлекоа вниманието на сите.

ТВ водителката Сања Савеска, а по ново и инфлуенсерка, на социјалната мрежа инстаграм одлучи да се приклучи на оние игри кои кружат и ги нуди социјалната мрежа како забава. Таа се потруди и „ископа“ една нејзина фотографија со цел да се приклучи на предизвикот „објави фотографија од себе од 2021 година“  .

Така на нејзината најнова објава на кратката приказна, таа сподели со следбениците како изгледала тогаш, но и колку времето брзо се движи, а таа изгледа непроменето.

На истиот предизвик се приклучи и маркетинг експертката Сања Ристиќ или на Инстаграм попозната како „Сањалала“, а во јавноста и како девојката на Перо Антиќ.

Дека годините минуват, а изгледот на познатите дами се разубавува, е доказ и таа. Сања успеа да го задржи вниманието на следбениците, но и да ги поттикне и тие да се приклучат на овој предизвик.

 

Уште една од оние кои не стареат е и мејкап артистката и инфлуенсерка Калтрина Круезиу која пак за предизвикот одвои и сподели неколку фотографии од 2021 со кои дефинитивно го задржа вниманието и на женскиот и на машкиот пол.

Таа на една од фотографиите позира во костим  за капење со ракавици и шминка по целото тело.

Овие дами потврдија  дека времето за нив е само бројка, а со фотките што ги објавија покажаа колку биле впечатливи и тогаш и сега, но и колку  се задоволни од себе си.

foto: print screen/Instagram

To top