Витаминот Д веќе е познат како микронутриент, но едно ново истражување доава уште една потенцијална корист од него. Земањето додаток на витамин Д со здрава исхрана може да го намали ризикот од срцев удар, покажа неодамнешно истражување. Иако ова ново откритие не воспоставува конечна причинско-последична врска, дава увид во поврзаноста меѓу витаминот Д и кардиваскуларното здравје.
Новото истражување го спроведе епидемиолошгот Рејчел Нил од Институтот за медицински истражувања Бергхофер од Австралија, а станува збор за второ такво истражување. Во истражувањето биле вклучени 21.302 пациенти на возрат од 60 до 84 години.
Испитувањето открило дека додатокот на витамин Д во исхранат може да го намали ризикот од кардиоваскучарни заболувања, а заштитата може да биде поизразена кај оние кои земаат статини или други лекови за срцеви заболувања. Тоа сугерира дека се потребни понатамошни истражувања, објаснува Нил.
Учесниците во студијата добивале додаток на витамин Д или плацебо во период од 5 години. На крајот од испитувањето речиси 80% од тие што примале витамин Д продолжиле да земаат таков додаток во исхраната.
Резултатите покажале дека кај групата која примала витамин Д, 6% имале голе кардиваскуларен проблем, во споредба со 6,6% кај тие што примале плацебо. Конкретно, стапката на срцеви удари била 19% помала во групата која примала витамин Д, иако тоа не е значајна разлика. Интересно е тоа што студијата открила дека поединци кои земале статини или други лекови за здравје на срцето имале поголема корист од додатокот на витамин Д на почетокот на испитувањето. Нил сугерира дека .
Меѓутоа, битно е да се напомене дека поединци, осоебно постарите луѓе со постоечки болести, треба да се посоветуваат со доктор пред да почнат да земаат додатоци во исхраната како витаминот Д.
Студијата е објавена во списанието BMJ и повикува на понатамошни истражувања за подлабоко да се истражи односнот меѓу суплементацијата ан витамин Д и кардиоваскуларното здравје.
извор:popara.mk
фото:Freepik