Радио Милева Вистината е откриена

Еве зошто Нина Ѓогани го крие лицето на своето момче

Еве зошто Нина Ѓогани го крие лицето на своето момче

Нина Ѓогани, ќерка на Анабела Атијас и Гаги Ѓогани, откри дека го крие своето момче од јавноста бидејќи тој не сака да биде експониран во медиумите. Нина, заедно со нејзината сестра Луна Ѓогани и нејзината мајка, се појави во емисијата „Амиџи шоу“, каде што зборуваше за своите лични искуства, но се осврна и на шпекулациите за својот партнер.

– Пишуваа дека е оженет и има деца. Не, секако дека тоа не е причината. Едноставно не сака никој да знае кој е и да се разоткрива. Ми рече: „Можеш да објавиш, само не сакам да ми се види лицето“ – објасни Нина.

Сепак, таа не го крие фактот дека е вљубена и често споделува нивни заеднички фотографии на социјалните мрежи. На нив, неговиот идентитет е секогаш скриен – лицето му е покриено со налепница, додека нараквицата што ја носи поради куќниот притвор често е во преден план.

Foto: Printscreen/Instagram/nina_djoganii

To top