Планинарката Ирина Дишо, сопругата на познатиот македонски пејач Павле Камилоски, е сè по активна на социјалните мрежи откако пред некое време се породи по втор пат. Оваа енергична жена, позната по својата страст кон планинарењето и авантурите во природата, сега сè почесто се огласува, комуницирајќи директно со своите следбеници.
Таа не само што одговара на нивните прашања, туку искрено ги споделува и свои искуства, нудејќи им вредни совети за мајчинството, приватниот живот и предизвиците што ги носи секојдневието на една млада мајка.

Ирина стана извор на инспирација за многу жени кои ја следат. Неодамна, таа сподели дека се пријавила на трка за да си докаже на себе колку може.
„Дали знаевте дека оваа Мама се пријави на трка. За да се уверам себе си колку не сум спремна. Но, некогаш е потребен неуспех да да се издигнеш над својата најдобра верзија“, напиша таа, придружена со фотографија во природно издание.

Оваа објава предизвика бура од позитивни реакции, каде следбениците ја пофалија за нејзината отвореност и за тоа како го слави секој мал триумф. Но, Ирина не застанува ниту за момент. Таа ја комбинира улогата на мајка со својата љубов кон природата. Пред некое време, сподели мотивирачки видеа од Галичник, познатиот планински рај во Македонија, каде се гледа како таа шета, дише свеж воздух и ужива во мирот на планината.

Овие содржини освен што ја мотивираат нејзината публика, потсетуваат и дека мајчинството не значи откажување од сопствените страсти, туку напротив, дека тие можат да се спојат.
Најновото нејзино споделување, сепак, е особено емотивно и лично. моментот на одвојување од доењето, прекинувањето на оваа интимна врска меѓу мајка и дете. Ирина го опиша овој период како исклучително тежок, полн со емоции кои ја преплавиле.

” 24 часа без доење. Искрено, со Јосиф многу полесно го поднесов одбивањето од доењето. Сега со Лена ми е претешко на душава, се надевам за ден- два ќе помине чувството на грижа на совест “, напиша таа, објаснувајќи дека солзите и тагата се нормални и дека многу мајки поминуваат низ истото. Со оваа објава, таа сакаше да ги охрабри следбеничките дека не се сами во овие чувства, туку дека прекинувањето на доењето не е “едноставен” чекор, туку вистински предизвик кој бара време и поддршка.
Ирина Дишо со својата автентичност станува вистински глас на модерните мајки – жена што балансира меѓу мајчинските обврски, авантурите во природата и отворената комуникација.
Foto: print screen/Instagram/irinadisho






