Радио Милева вљубена до уши?

Постарата ќерка на пејачот цврсто гушка младо момче: Дали е ова зетот на Чола?

Постарата ќерка на пејачот цврсто гушка младо момче: Дали е ова зетот на Чола?

Постарата ќерка на Здравко Чолиќ е многу популарна на социјалните мрежи. Уна Чолиќ до детали го покажува својот живот, а сега ги изненади сите.

Имено, според се, Уна е вљубена до уши, а на својот профил на Инстаграм покажа фотографии со своето момче, но го сокри неговото лице.

Двајцата отпатуваа за Словенија, а Уна сподели романтични кадри од оваа земја.

Тие прво се возеле на мотор, а Уна силно го прегрнала својот сакан, а потоа отишле во ресторан каде наздравувале со вино.

Да потсетиме, Здравко Чолиќ неодамна зборуваше за своето семејство:

„Горд сум на моето мало семејство, малите девојчиња, две девојчиња, сега девојки. Жената се грижи повеќе. Да беше до мене, се ќе им дозволив. Таа ме критикува, но така е. Од друга страна, не можам да бидам премногу строг, некако е тешко, на моменти можам да станам само малку сериозен. Претежно сум попустлив“ – изјави неодамна Чола за телевизијата „Е“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Una 🦋 Čolić (@unacolic)

Фото: Инстаграм/unacolic/Espreso/ Blic принтскрин

To top