Радио Милева тогаш и сега

Милена Антовска си премота цел филм низ глава: Се’ се смени, само едно остана исто

Милена Антовска си премота цел филм низ глава: Се’ се смени, само едно остана исто

Перманентноста во македонските медиуми е доста тешка, а тоа им е доста добро познато на медиумските работници.

Но постојат и исклучоци за кои среќата и околностите се на иста страна.

Таков е примерот со ТВ водителката на Канал 5, Милена Антовска-Станковка која деценија ипол е  магепсана од телевизиската магија.

Сигурно многупати сте слушнале или прочитале дека оние што работат на телевизија, потоа тешко може да се откажат од истата. Милена преку социјалните мережи се присети на своите телевизиски почетоци и сподели фотографија стара 10 години која ја спореди со таква од денес и сега.

Ретро фотографиите секогаш ни прават да премотаме цел филм низ главата, а веруваме дека и на Милена и се случи истото кога ја најде, погледна и (ре)објави ретро фотографијата во истиот простор, но од разлилно, минато време.

Сега искусна водителка, реализирана сопруга и мајка, која во иднина ќе им раскажува на своите наследничи за своите професионални искуства, а кој знае, можеби и Лана Марија или Јоана ќе бидат освоени од истата магија и ќе тргне по стапките на мама.

Деценија ипол работа во еден медиум и на иста позиција се вистински успех кај нас, а на Милена и посакуваме уште многу години и спомени на кои вака ќе се присетува!

фото: Facebook/ Milena Antovska Stankovska

To top