ОВЕН
Доколку сте во врска, денеска минете повеќе време со вашиот партнер и направете нешто заедно. Ако, пак, немате партнер, не заборавајте да се сретнете со пријател. Имате потреба да запознавате луѓе и да споделувате, па друштвото ќе ви годи. Денеска ќе се чувствувате инспирирани од интересна идеја и ќе размислите како да ја спроведете.
БИК
Денешниот е одличен ден за забава и игри. Ќе барате задоволства и лудории и веројатно ќе добиете можност да ги обезбедите. Малку е веројатно дека ќе останете дома долго, бидејќи здодевните активности ви досадуваат. Сепак, бидете внимателни со алкохолот, бидејќи постои ризик од претерување.
БЛИЗНАЦИ
Денеска постои голема веројатност вашите намери да бидат исполнети, но тоа нема да се случи доколку мислите само на себе. Дури и ако го добиете она што го сакате, нема да се чувствувате задоволни. Што и да правите, водете се од фактот дека мора да барате заеднички интерес – вашиот и оној на другите. Во овој случај, околностите ќе се одвиваат на најдобар начин.
РАК
Ќе биде штета доколку го минете денешниот ден во неактивност или чистење на куќата. Контактот со луѓе што можете да си го обезбедите надвор од домот ќе има добар ефект врз вас. За многумина од вас, денот ќе биде динамичен и забавен, но доколку нема такви изгледи, обидете се да си обезбедите разновидност.
ЛАВ
Направете го денешниот ден попријатен за вас откако на момент ќе ги игнорирате правилата и ќе дозволите работите да си одат по својот тек. Дури и доколку се мачите да исполните некои обврски, не заборавајте да се одморите и да одвоите време за поопуштени активности. Ослободете се од контролата и едноставно уживајте во денот.
ДЕВИЦА
Денеска ќе бидете во добро расположение, што е предуслов за пријатни искуства во текот на целиот ден. Доколку сакате да го доживеете поцелосно, изберете друштво на личност со која се чувствувате добро. Многумина од вас ќе уживаат во романса и страсни моменти во љубовта.
ВАГА
Денеска бидете внимателни со луѓе што не ги познавате доволно добро. Постои ризик од споделување лични информации што би можеле да бидат злоупотребени. Одличен ден е да се забавувате со вашата сакана личност, на пример, да одите в кино или театар.
ШКОРПИЈА
Денеска ќе имате желба да бидете меѓу луѓе и слободно да се забавувате. Исклучок ќе биде направен за оние од вас кои имаат потреба да бидат сами бидејќи сте биле инспирирани од нова идеја или одредена активност. Денот е одличен за креативност, но и за романса или патување, важно е да барате задоволство и да не ви биде здодевно.
СТРЕЛЕЦ
Не дозволувајте рутината да ве совлада денеска. Доколку излезете и правите нешто интересно, нешто поразлично и ќе се чувствувате подобро. Вечерта бидете повнимателни, бидејќи е можно да се скарате со вашиот партнер и некој да реагира поостро.
ЈАРЕЦ
Ви претстои прекрасен ден, особено на љубовен план. Доколку имате некого крај себе, ќе бидете расположени за романса и забава. Ако, пак, моментално сте сами, не се обесхрабрувајте – пронајдете соодветно друштво за да ја задоволите вашата потреба за комуникација и споделување.
ВОДОЛИЈА
Денеска ќе ви биде потешко да опстоите на своите ставови. Можно е да потпаднете под влијание на луѓе кои имаат поголема самодоверба. Денот е доста поволен за вашите финансии – вашиот партнер може да ве израдува со добри вести. Какви и да се заедничките активности што ќе ги преземете денеска, тие ќе бидат пријатни.
РИБИ
Денеска е важно да бидете потолерантни кон луѓето од вашето опкружување доколку не сакате да создавате непотребни проблеми. Запомнете дека никогаш не постои само една вистина. Дури и доколку сте убедени дека сте во право, повторно разговарајте за проблемот. Денеска можете да водите интересен разговор со блиска личност и да разјасните некои работи.







