Македонската убавица, ќерката на Мики и Светле Црнокрак, Моника Црнокрак, заврши со круна на главата.
Моника се издвои како една од најубавите девојки во Европа прогласена за 5-та придружничка на изборот за Мис Европа 2026-та година , кој минатиот викенд се одржа во Либан.

Ова е втора титула на Моника на овој избор, откако ја претставуваше Македонија и во 2023-та на истиот натпревар за убавина, а тогаш ја освои титулата Мис фотогеничност.

На финалната вечер нашата убавица се претстави во стилизирана во модерна верзија на македонска носија, а потоа и во елегантна тоалета во сино-зелена нијанса.

По финалето, Моника прикачи серија фотографии на Инстaграм, а не изостана ниту заедничката со гордиот тато Мики кој и беше најсилна поддршка таму.

Модното студио Црнокрак со години наназад ја има лиценцата за учество на овој избор и секоја година се грижи за девојките кои ја претставуваат земјава на реномираниот избор.

Инаку, победник на изборот е претставничката на Русија.
фото:instagram printscreen/mcrnokrak/ miki.crnokrak







