Хрватската пејачка Лидија Бачиќ Лиле ги воодушеви своите следбеници со нова објава на социјалните мрежи. Таа на Инстаграм со новата објава за краток временски период собра илјадници лајкови и коментари.

„И стас и глас – е нејзиниот слоганот уште одмна. Затоа како и години наназад решила да ја покаже својата фигура и во 2026 година на фотографиите од календарот, кој нејзините обожаватели со нетрпение го очекуваат секоја година.

Вели дека не и е тешо да се лика разголена, туку најтешко ѝ е да ги избере 12-те најдобри фотографии за 12-те месеци од годината.

Популарната пејачка позираше во светла долна облека за месец февруари, нагласувајќи ја својата витка линија и препознатлива самодоверба. При тоа Лиле открива интересен детаљ за себе што не го знаевме.

Имено, вели дека таа на себе си е најголем критичар, а нејзиниот рецепт за добра линија гласи вака: „Имам шест, седум огледала дома, секоја моја соба има огромно огледало и ислам дека тоа е клучно за одржување на моата линија. Да, да имаш многу огледала, бидејќи кога постојано ќе се гледаш себеси, не ќе можеш да се здебелиш, нели? Нормално го гледам секој детаљ на себе и ако фустанот не ми стои, веднаш го фрлам, види го ова, види го она“, признава Лидија.

Во меѓувреме таа се пофали со воспоставената традиција уште од 2018 година да се слика за календар иако календарите можеби веќе не се во мода. Но, нејзиниот оди како алва, зашто во Хрватска нема магацини, автомеханичарски, берберски и многу други сервиси и дуќани на чии зидови не висат нејзините календари.

Затоа Лиле своите обожаватели ги прашува која насловница, од која календарска година најмногу им се допаѓа?
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм/lidijabacic_lile






