Таа сопственичка на најдолгите нозе на естрадата, кои за малку не завршиле во балетската уметност, откако од малечка цели 6 години била членка на детското балетско студио „Ту-Ту“. Потекнува од музичко семејство ( татко и е пензиониран флејтист во Воениот оркестар на АРМ), па природно уметноста, особено музиката и е во гените, а најпрвин свирењето клавир во прстите.

Но професонална пијанистка никогаш нема да стане иако пијаното ќе го изучува и во средното музичко училиште. Сепак, на ФМУ ќе ги открие гласовните можности и оперското пеење кое ќе пресуди. Ќе дипломира во оваа област, а потоа и ќе магистрира интерпретација и композиција.

Паралелно со оперската уметност ја започнува и својата естрадна кариера како поп пејачка. Фестиваклските настапи на „Макфест“ и тезгите по клубовите и дискотеките ќе ја препорачаат да стане и дел од екипата на единственото кабаре кај нас, познатата „Голд фелиција“ во Битола, кое има свое шоу однеодамна и во Тетово.

Речиси цели 4 години ќе има уметнички изведби, ќе менува ролји и костими, стајлинг, фризури и шминка, настапувајќи секој викенд на кабаретската сцена, на која однеодамна ќе и каже збогум… Или барем ќе ја стави на стенд бај, за целосно да и се посвети и предаде на операта.

Засега само како членка на хорот на МОБ, со надеж дека набргу ќе стане и солист на сцената на реномираната домашна оперска кужа, а можеби и на некоја од оние ширум светот.

За почетоците и определбите, за талентот и работата, за дарбата да биде ликовен уметник која завршила само како дополнително хоби, за фестивалите и клубските настапи, за причината и (недо)разбирањето зошто повеќе не е дел од кабаретското шоу?

За тоа како го одржува гласот, а како стасот, што треба, а што не да јаде и пие една оперска певица, за игзледот и теретаната и дали тоа на другите теговите сами им пашаат кога таа доаѓа да вежба…?

Но и за приватниот живот и интимата, тетоважите кои сите ги знаат и оние кои само избран среќник може да ги види?

За виолинските клучеви и пеперутките, за љубовта кон домашниот миленик – кучето Пако…

Ама и за љубовта со колегата која за малку ќе завршеше со брак, а заврши со раскината веридба, за готвачките вештини и врвната умешност во кујната, за женската љубомора, недоличните пораки и хакираниот профил на социјалните мрежи, за идните планови на оперската и естрадната сцена…

И за уште мноштво повеќе или помалку познати, ама и сосема непознати нешта за кои опеската и поп јачка Полина Тасева за прв пат „отвори душа“, зашто никаде не кажала ништо слично како во поткастот „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски.
Премиерата можете да ја гледате вечерва, среда, 4-ти февруари со почеток во 20.00 часот, ексклузивно само на YouTube каналот на КурирМК (







