Со голема жал денес многумина ја примија веста дека почина легендата Драган Б. Костиќ.
„Диско селекторот“ се одјави од овој свет на 75 годишна возраст, а јавните личности и сите оние што го познаваа преку социјалните мрежи го напишаа своето последно збогување до човекот кој како што велат, никогаш нема да биде заборавен и одамна ја заслужи вечноста.

Меѓу првите кои се огласија со последниот поздрав беше музичарот и член на „Меморија“ Петар Горгиевски – Камиказа.
-Патувај во бескрајниот мир и спокој друже Драган…Пред неполна недела кроевме планови како треба да изгледа серијата за Меморија , се договаравме како треба да изгледа пресот во МКЦ на 22 декември… Ме преплави со информации и работи, кој јас сум ги заборавил и не сум знаел дека постојат. Учествуваше во мојот животен пат уште од диското “Турист“ во раните 70 сети, кога пушти танго пред време, за да можам да поканам една девојчица која рано си одеше, уште тогаш ти станав должник.. Во 80 десетите ,ја креираше мојата кариера, со многу пати пуштање песни од Меморија, кој по емитувањето едно стотина пати на “Диско селектор“ стануваа хитови, или што, ти би рекол, безвременски. Беше дел од мојот живот такаречи секојдневно од кога се познаваме, а се познаваме најмалку пола век! Имам фермни да пишувам, но солзиве, мислите и раката ме издаваат, прости ми. И да, со Ристо кога ти ја донесовме Дирлада , беше првиот човек што ја чу. Рече имате безвременски хит, и како што бива кога ти ќе речеше тоа и се случуваше!!Уште еднаш нека ти е светол патот кон звездите и бескрајниот мир во кој припаѓаш. Со Тоше Поп Симонов сега ќе имате многу што да поприкажете, и знам ќе речете, оној лудион доле уште исправа криви дрини, ама па затоа….Толку простете.
Со длабока тага ги известуваме роднините, пријателите и познаниците дека утринава почина Драган Костиќ, сопруг, татко и дедо, на 75-годишна возраст.
Последна почит ќе се одржи утре, недела, 21 декември од 12:30 – 13:30 во капелата на гробиштата Бутел
Семејството изразува искрена и длабока благодарност до целиот тим и раководство на Државната неврохируршка клиника во Скопје, особено до д-р Благоја Шунтов,
за грижата, посветеноста и хуманоста
Нека му е вечна слава и спомен
Патувај мирно Диско Селекторе – гласи збогувањето на Петар Горгиевски- Камиказа
Осамна и објава за збогување и од Пеце од „Суперхикс“.
-Вечна слава за еден од најдобрите радио водители, музички новинари и диџеи. Му благодариме и за поддршката и интервјуата кои ни ги даде пред години.
Вечно ќе е тука. Никогаш нема да е заборавен.
Голем човек и за македонската музика и за домашната сцена
Човек кој не научи на квалитет.
Нека биде Драган Б. Костиќ “диско селектор” во вечноста- беа зборовите на Пеце.
Зборови на жалење напиша и новинарот Антонио Димитриевски кој на Костиќ му го направи последното интервју.

-Не се договоривме вака Драган… За жал, Бог имал свои планови, поинакви, поразлични од нашите…
Но, ти ќе останеш вечно во нашите мисли, срца, приказни, муабети…
Збогум учителу, пријателе, збогум легендо… Нека ти е светол патот кон вечноста која оддамна ја заслужи… Сигурен сум дека таму горе и ангелите ќе сакаат да те слушаат- напиша Антонио Димитриевски.
Зборови со тага за отсуството на Костиќ од овој свет објави и пејачката Тамара Тодевска која вели дека со Драган Костиќ го имала најемотивното интервју.

-Ќе го паметам како многу ведар, секогаш позивитен, неверојано работлив човек кој многу ја сакаше музиката и ја поддржуваше домашната сцена.
Чичко Драган Б. Костиќ го има направено едно од најемотивните интервјуа во мојата кариера пред околу 6 години…
Ми беше чест што те познавав.
Патувај мирно и „поздрави ги“ нашите колеги и другари кои сега ќе бидат со тебе…
Искрено сочувство до целото семејство, стои во објавата на Тамара.
На тоа кој беше Костиќ и како таа го доживува тогаш и сега откако не е меѓу живите, се огласи и водителката Тина Таутовиќ.

-Неизмерна е честа да те има човек за соговорник! Почивај во мир, ти благодариме што му ја донсе диско магијава на Скопје, пионер во се’ што значеше ноќен живот. Ти благодариме што постоеше и сега блескај и донеси му забава невидена на небото- напиаша ТВ водителката Тина.
Осамна и објава со последно збогум и од новинарката Милица Џаровска која сподели неколку фотографии на Драган со нејзиниот покоен татко, естрадната менаџерска легенда Велибор Џаровски- Џаро.

-Ќе ми фали твојот ведар глас кога ќе ми се јавеше и она твоето “Здраво девојко!”. Еден од најубавите статуси му посвети на Џаро кога си отиде, на возраст како ти сега, од истата мака. Фала ти за годиништа убавата соработка. Ќе си пуштам некоја убава од Дугме за тебе легендо. Почивај во мир Драган. Б.Костиќ.- новинарката Милица Џаровска.
фото:Facebook/ You tube printscreen





