Водителката Сања Маринковиќ своевремено доживеала незгода во својот стан поради силен замор и исцрпеност, за што сега јавно проговори. Пред патување во Њујорк, Сања среде ноќ паднала во бањата и ја удрила главата од мијалникот, по што нејзиниот тогашен партнер повикал брза помош.
Поради силен замор, водителката изгубила свест во сопствениот дом, а ја разбудила силна болка во главата.

Само неколку часа подоцна требало да се качи на авион за Њујорк, што и го направила но со три конци на главата.

„Имав резервирано лет за Њујорк, одев да ја дочекам Новата година со моето момче. Среде ноќ, околу три часот, ме разбуди ненормална болка во главата. Станав, од премор се онесвестив, а летот ми беше во шест наутро. Паднав и ја удрив главата од мијалникот. Кога се онесвестив, вратата од бањата се блокираше, па тој не можеше да влезе“,раскажа Сања во емисијата „Из профила“, па продолжи:

„Јас внатре без свест, а тој ѕирка и ме гледа како лежам крвава. Тоа беше страшно. Бев толку уморна, а млада и несвесна за тој замор. Само работев, работев, работев. За среќа, успеа да ја помести вратата, јас се освестив, дојде брза помош, ме средија и јас влегов во авионот и отпатував за Њујорк со три конци на челото. Така ја дочекав Новата година.“
Фото: Инстаграм/sanjamarinkovicofficial





