По разводот со сопругот Џими и заминувањето од групата „Молика“, можеби најквалитетниот македонски фолк вокал, пејачката Анета Љумаковска стана пејачка или тие неа придружна група, на Дакапо Бенд. Но „естрадната љубов“ преточена во заедничка соработка не траеше долго, па Анета реши да го напушти и својот нов бенд и да продолжи соло.

Но членовите на фолк групата не чекаа долго, па се здаоа во потрага по нов вокал, за деновиве да ја објават јавно и официјално новата вест, дека наместо пејачка, сега имаат нов пејач.

Имено, амбициозниот македонски пејач кого балканската јавност викендов ќе го запознае преку малите екрани како учесник во големото регионално музичко шоу „Пинкови ѕвезди“, Антонио Тасевски е новиот вокал на Дакапо Бенд, информираат од ПР тимот на бендот.

-Топло добредојде бендот му посака на Антонио и преку официјалните профили на социјалните мрежи.

Неговата харизма, моќен вокал и сценска енергија внесуваат нов дух во Дакапо, а ние со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа магија со вас на следните настапи! Добредојде Антонио, стои на официјалниот профил на бендот на Инстаграм, каде е обзанета алтернацијата за нивната, сега веќе бивша пејачка, која Декапо бенд ја заменија со млад полуанонимен колега, гледано од аспект на тоа колку позната музичка ѕвезда е Анета Љумаковска во однос на новиот вокал.

Инаку Тасевски долги години живееше и работеше во Америка, но оваа година одлучи со своето семејство да се врати во родната земја и токму тука да ја гради својата музичка кариера. Тој и претходно има снимено сопствени песни, воглавно со печалбарска тематика како онаа „Што е туѓина“.
Дакапо Бенд пак во моментов е еден од нашите најактивни музички состави, покрај Антонио како нов вокал, членови на бендот се и Влатко Ѓорчев (кларинет и саксофон), Горан Костадинов (клавијатура), Тодор Ушитков (клавијатура), Никола Давчев (ударни инструменти) и Илија Мицев (труба).

Да се надеваме дека новиот вокал и соработката со групата овој пат не само што ќе потрае, туку ќе бидат снимени и нови музички фолк хитови, проследени со интересни видеоспотови.





