Радио Милева поинаква драж

Кристина Димитри својски се потруди да ја потврди тезата дека зад секоја успешна жена „мора“ да стои потентен маж! (ФОТО)

Кристина Димитри својски се потруди да ја потврди тезата дека зад секоја успешна жена „мора“ да стои потентен маж! (ФОТО)

Иако долго тврдеше дека е сингл, дека по разводот од пејачот со „Х -фактор“ да води соло живот и е подобро зашто е максимално фокусирана на кариерата, а не на љубовта, Кристина Димитри не додржа, па обзани дека има ново момче! Од мноштвото додворувачи расната тетовка падна на шармот на српската престолнина или поточно на новото момче, кое е токму по потекло од Србија!

И тоа се што за него засега јавноста дознава… Атрактивната тетовка ликот му го крие како „змија нозете“, иако на заедничките фотографии по нешто и се наѕира… Згоден, мускулест, симпатичен со брада… И грст љубов за неа… барем како што самата таа кажува иако љубовта има чудни својства, чудна енергија… Или засекогаш останува или преку ноќ исчезнува… Веројатно зависи од кармата!?

Но, затоа она што е познато и сигурно е дека  за да ја одржувате, љубовта мора да ја негувате и споделувате. И емотивно и физички.  Кристина Димитри веројатно и тоа како  знае тоа да го сподели, заради сопствено уживање на обострано задоволство, па затоа решила на јавноста да и приушти да ѕирне во едно мало парче од нејзините интимни мигови!

Сексапилната мамица очигледно се дислоцирала некаде со своето момче, на некоја дестинација надвор од дома, па јавно споделила дел од престојот во хотелската соба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

Најпрвин како најава за нејзиното соло уживање во хотелското џакузи, во кое расната убавица во леопардово бикини украсено со циркони провокативно заведува, како предигра во најава за љубовната игра што следува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KRISTINA DIMITRY (@kristina.dimitry)

„Подарете му малку љубов на вашето тело… тоа го заслужува“ – е љубовната девиза на расната тетовка, која истата со „неподнослива леснотија“ на заведувањето ја претвора во реално уживање и задоволство. А само задовол(е)на жена може да биде среќна и успешна, вели искуството. Но за тоа да биде така потрбно е уште нешто… Или поточно – некој!

Затоа Кристина Димитри својски се потруди уште еднаш да ја потврди тезата дека зад секоја успешна жена „мора“ да стои потентен маж! Зашто само така успехот има поинаква драж!

Фото: Инстаграм/kristina.dimitry

 

 

To top