Радио Милева полнолетство

Изненадување од соништата: Љупка Митрова за 18-от роденден на ќерката испрати авион со порака

Изненадување од соништата: Љупка Митрова за 18-от роденден на ќерката испрати авион со порака

Љупка Митрова е влијателна модна блогерка и инфлуенсерка од Македонија, која успешно го води својот бренд и модното студио Mitroff. Покрај професионалниот успех, таа е горда мајка на две ќерки, Елена и Сандра.

Синоќа, Љупка сподели прекрасна вест со своите следбеници – нејзината ќерка Елена го прослави својот 18-ти роденден.

Така, за овој значаен и радосен момент, Љупка подготви несекојдневно изненадување.

Додека Елена уживала со своето друштво, на небото над нив се појавил авион со натпис „Среќен 18-ти роденден Елена“.

Ова прекрасно изненадување го овозможи и организира мајката, која со гордост го сподели моментот на Инстаграм со порака: „Честитање роденден, Next level“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Овој емотивен и креативен гест ја покажа љубовта и посветеноста на Љупка кон ќерката, додека истовремено ја воодушеви и нејзината модна заедница.

Foto: prinstcreen/instagram/ljupka_mitrova

To top