Пејачот Харис Џиновиќ е критикуван откако се појави видео на кое се гледа како тој е единствениот што не станал и не го поздравил синот на Халид Бешлиќ.
Во понеделник, 13 октомври, во Народниот театар во Сараево се одржа комеморација за Халид Бешлиќ, на која присуствуваа бројни колеги и пријатели на пејачот.
Во првиот ред беа членовите на семејството на Халид, меѓу кои и неговиот син Дино Бешлиќ со сопругата и наследниците. Покрај нив, имаше и колеги на покојниот пејач, меѓу кои и Харис Џиновиќ.
Haris Džinović je sve ono suprotno od Halida Bešlića pic.twitter.com/tsYo4wcGCc
— Gulanfer Misirlić (@notorni) October 13, 2025
Во моментот кога Дино се ракуваше со присутните, луѓето станаа да го поздрават. Меѓутоа, кога му ја подаде раката на Харис Џиновиќ, пејачот остана седнат, што изненади многумина и предизвика негативни реакции на социјалните мрежи.
„Харис дури и не се удостои да стане, срам да му е“, „Зошто седи?“, „Харис Џиновиќ е спротивност на Халид Бешлиќ“, „Не е ли знак на култура да се симне шапка?“, се само дел од коментарите.

Сепак, имаше и такви што сакаа да го зачуваат прекрасниот спомен на збогувањето, па рекоа: „Зошто го расипувате толку убавото збогување со нашиот голем човек?“
Foto: print Screen/TikTok







