Меѓу многуте познати и непознати ликови кои го познааваа Владимир Блажев -Панчо, па се до армијата останати кои го сакаа како фанови, со проштални зборови се огласи и неговиот колега и долгогодишен пријател црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ.
Тој го викаше Панчито, брат со кој иако не се од една мајка се чувствувале поврзани и блиски. Во својот последен поздрав Сергеј пишува:

-Mој добар
Од првиот ден те гледав како брат. Знаеш кога луѓето се препознаваат на прв поглед, како да ги познаваш цел живот. Твојата љубезност, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа со секоја средба и ми даваа храброст за секој нов ден.
Имавме многу планови, идеи… Многу да правиме, раскажуваме, создаваме…
Патувај брате мој, одмори се. Нека ангелите те водат кон подобро место и нека Господ ти подари рајски населби!
Твојот брат те сака
Сергеј Ќетковиќ- се прости пејачот во прилог на заедничката фотографија.
Своевремено Сергеј и Панчо се најдоа заедно и на ТВ емисија кај Миро Кацаров каде пред камери пееја, се гушкаа и смееја, а видеото од тие убави времиња изгледаше вака:
Панчо знаеше да го цени пријателството, а токму за блискоста со Ќетковиќ во една прилика тој му посвети специјална објава воздигнувајќи ја нивната дружба, човечноста и музичката големина на црногорскиот колега:

-Не знам од каде да почнам.
Имам толку многу да зборам за него што не знам како ќе ме сфатите па затоа ќе пробам да бидам многу краток.
Се запознавме сосема спонтано, пред точно 13 години (2011) кога за прв пат имаше свој целосен “концерт” во тогашен “Colosseum” (железничка станица).
Од тогаш па до ден денес се уште работиме и соработуваме, но и многу повеќе од тоа, станавме искрени пријатели и фамилија.
За неговата музичка големина јас сум премногу мал и некомпетентен да зборам, но како човек немам зборови со кои можам да ви го доловам приватно. Посакувам секој еден од вас да има другар како него. Чесен, искрен, хуман, љубезен, понизен, забавен, едноставен, полн со љубов и емпатија, и што е најбитно – ЧОВЕК!
Толку голем, а толку едноставен. Не џабе рекле дека што си поуспешен, толку си понормален. Драго ми е што случајно стана дел од мојот живот, и уште посреќен сум што се советувам и учам од личност како него.
И да, замислете ова ни е прва заедничка фотографија EVER, после цели 13 години!
Зошто е тоа така? Најверојатно дека никогаш не сме гледале интерес еден од друг и се било природно.
Серџо мој, фала што постоиш.
На овој тажен и темен свет се потребни повеќе луѓе како тебе.
Со почит,
Твој Панчито- пишуваше во објавата од пред една година.
фото:Instagram printscreen/djshortypofficial/cetkovics




