Радио Милева празнина

Тагата за таткото никогаш не завршува: Вештачката интелигенција ги спои Анастасија и Аркан

Тагата за таткото никогаш не завршува: Вештачката интелигенција ги спои Анастасија и Аркан

Анастасија Ражнатовиќ, ќерката на Цеца Ражнатовиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан, објави фотографија со својот татко, која е создадена со помош на вештачка интелигенција. Растењето без нивниот татко, кој беше убиен пред речиси три децении, беше тешко за Анастасија и Вељко Ражнатовиќ. Им недостигаше машка фигура, а малкуте спомени што ги имаат за него, во форма на фотографии и видеа, често ги објавуваат на социјалните мрежи.

Анастасија Ражнатовиќ имала само година и пол кога го загубила својот татко.

Таа сега ги шокираше своите следбеници на Инстаграм со фотографија која изгледа како да е направена токму сега, на која е во прегратката на Аркан.

„Да можев да имам уште една шанса, уште една прошетка, уште еден танц со него, би отсвирила песна што никогаш, никогаш нема да престане да се свири… Колку би сакала, би сакала, би сакала да танцувам со татко ми…“, Анастасија го напишала текстот на песната “Dance with my father”, под фотографија со Аркан. Во една прилика, пејачката рекла дека често сонува за својот татко и во соништата го моли да не ја остава.

Foto: Printscreen/Instagram/raznatovicanastasija

To top