Планинарката Ирина Дишовска Камилоска, сопругата на пејачот Павле Камилоски, денес сподели интересен момент на социјалните мрежи од нејзиното семејство со што ги развесели и разнежни нејзините пријатели.
Таа најпрво покажа дека одлучила да излезе од дома, оставајќи го сопругот, познатиот пејач, да ги чува нивните две деца, синот Јосиф и неговата сестричка Лена.

Кога се вратила, го затекнала додека тивко спие на подот, испружен и опкружен како „попуштил“ пред играчките што децата ги оставиле околу него.
Ирина со ова видео, пред следбениците, ги откри убавините и предизвиците на родителството, каде љубовта и посветеноста на Павле се јасно видливи.

Во описот на видеото, планинарката напиша: „Ова е другиот Павле“, и со тоа покажа дека зад сценската слава стои човек полн со нежност и грижа кон своите најблиски.
Двојката важи за семејство, кое во домот создава атмосфера исполнета со многу љубов, разбирање и поддршка, заедно ги споделува сите животни предизвици и вистински ужива во секој заеднички момент.
Foto: print Screen/Instagram




