По успешните и емотивни вечери во Охрид, Делчево, Штип, Струмица и Битола – концертниот караван „Македонијо, во срце те носиме“ со полна енергија и патриотски дух утревечер патува кон Гостивар!
Во градовите ширум Македонија веќе одекнаа звуците на љубов, традиција и гордост. Илјадници луѓе се собраа под отворено небо, со едно срце и една песна – за Македонија. На последниот концерт во Битола платото пред Офицерскиот дом беше буквално претесно за публиката која ја почувствува магијата на 14. нови композиции, химни на љубовта кон татковината, а изведувачите ја испратија најсилната порака – Македонската песна живее! Сега, таа иста енергија доаѓа и во Гостивар. Затоа во среда на 17 септември со почеток од 20:00 часот на Градскиот плоштад со срце и глас, заедно да пееме за Македонија!
На сцената ќе блеснат: Наум Петрески, Зуица Лазова, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Спасен Силјаноски, Андријана Јаневска, Сузана Спасовска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Марија Спасовска и Мина Блажев – изведувачи кои секоја нота ја носат во своето срце и секој стих го посветуваат на нашата земја.
„Пеевме со љубов во Охрид, Делчево, Штип, Струмица и Битола, сега е време тоа да го сториме и во Гостивар! Песната нѐ обединува, ни дава сила и нѐ потсетува кои сме“, порачуваат од Скендеровски продукција, организаторите на оваа музичка мисија.
Гостивар и гостиварци подгответе се за вечер исполнета со љубов, традиција и заедништво. Подгответе се да пееме – за Македонија, со срце!
А патувањето продолжува! Веќе на 21 септември караванот е во Велес, на 24 во Прилеп, а на 28 во Кичево.
„Македонијо, во срце те носиме“ – затоа што песната е нашата душа, а Македонија е нашата инспирација!







