Еден од истакнатите македонски музичари, кларинетист и саксофонист, со долгогодишно творештво не само на македонската, туку и на српската и хрватската музичка сцена, е Мише Боев . Публиката одамна го препознава како кларинетистот од групата на катерина таневска, „Кате и Нелити реков“.
Боев дипломирал на џез академијата, на катедрата кај познатиот професор Гоце Змичанец. Повеќе од 25 години е присутен на музичката сцена, настапувајќи на скоро сите значајни фестивали и соработувајќи со бројни врвни уметници. Особено значаен дел од неговото творештво е соработката со покојниот маестро на хармоника, Милан Завков, со кого сними и материјали што остануваат како вредно музичко наследство.
Овие денови, Боев издаде ново авторско дело, кое го создаваше во Кларион Студио заедно со врвни музичари: Баже Моратов, Суат Чуле и Ристе Пуќовски. Аранжманот е на професорот по народни инструменти, Илија Јаневски. Видеозаписот е реализиран во продукција на ФАН од Прилеп, снимен на локацијата Марков Манастир крај Скопје. Но неговото творештво не застанува тука. Боев постојано ја негува македонската музика и создава дела што ќе останат за идните генерации. Неговата најнова композиција носи наслов „Рапсодија 67“, а наскоро ќе биде објавена на YouTube и сите социјални мрежи.
Роден во Кавадарци, а веќе повеќе од две децении живее во Скопје, Боев никогаш не ги заборава корените од Тиквешијата. Напротив, тие се темелот и инспирацијата во неговото музичко творештво, кое со љубов го споделува со светот.







