Живот и стил

Пудинг колач со смокви – кремаст, лесен и вкусен

Пудинг колач со смокви – кремаст, лесен и вкусен

Подготовката е едноставна, а вкусот е фантастичен.

Состојки:

Кора:

250 гр. брашно
100 гр. шеќер
1 прашок за пециво
1 ванилин шеќер
100 гр. путер
1 јајце

Фил:

1/2 л млеко
2 пудинзи од ванила
200 гр. шеќер
800 гр. павлака
300 гр. смокви

Подготовка:

Издробете го путерот со прсти, додадете го брашното и другите состојки. Замесете го тестото и завиткајте го во провидна фолија. Оставете го во фрижидер еден или два часа. Развлечете го тестото и префрлете го во намастен и набрашнет калап.

За филот, сварете го млекото со шеќер. Додадете го пудингот. Додека е сè уште топол, истурете го кремот на собна температура. Добро изматете со миксер. Развлечете го тестото со сукало и прелијте го филот врз него. Печете околу еден час на 180 степени. Украсете го изладениот колач со свежи смокви.

извор:kurir.mk
фото:Freepik

To top