Живот и стил

Новите капки за очи одобрени од американската FDA можат да го подобрат видoт од блиску

Новите капки за очи одобрени од американската FDA можат да го подобрат видoт од блиску

Американската Агенција за храна и лекови (FDA) одобри капки за очи за лекување на пресбиопијата, постепеното губење на видот на близина што се јавува со стареењето.

Активната состојка во капките за очи, наречени VIZZ, е ацеклидин, а производот одобрен од FDA го контрахира мускулот на сфинктерот на ирисот, што ја проширува длабочината на фокусот и го подобрува видот во близина.

„Ова одобрување од FDA претставува пресвртница во опциите за третман за милиони луѓе кои се борат со неизбежното губење на видот на близина поврзано со возраста“, изјави клиничкиот истражувач Марк Блуменштајн од Центарот за ласерска нега на очите Шварц во Аризона, кој учествувал во студијата.

Додаде дека верува оти ова е добредојден развој и за оптометристите и за офталмолозите.

„Тие сега ќе можат да понудат високо ефикасен третман за пресбиопија што веднаш може да стане стандард на грижа, со профил на производ што ги задоволува потребите на нашите пациенти“, заклучи истражувачот.

Одобрувањето од FDA се базира на резултатите од три рандомизирани, контролирани студии од фазата 3 кои ја оценија безбедноста и ефикасноста на капките VIZZ. Студиите CLARITY 1 и CLARITY 2 вклучиле 466 испитаници кои примале единечна дневна доза во тек на 42 дена.

Третата студија (CLARITY 3) ја оценила нејзината долгорочна безбедност (6 месеци) кај 217 волонтери.

Според компанијата, капките го подобриле видот на близина во рок од половина час, а резултатите траеле до 10 часа. Производот не бил поврзан со никакви сериозни несакани ефекти.

Најчестите несакани ефекти биле: иритација на местото на апликација (20 отсто), заматен вид (16 отсто), главоболка (13 отсто), конјунктивитис (8 отстои) и црвенило на очите (7 отсто)

Главните знаци и симптоми на пресбиопија се: потреба од повеќе светлина при читање, заматен вид на нормални растојанија за читање, потреба од држење на материјалот за читање на растојание на должина на раката, главоболки предизвикани од работа на близина и напрегање на очите, што може да ги замори или да предизвика болка во очите.

фото:Freepik
извор:нетпрес

To top